Како родителите да го разликуваат коронавирусот од грип: Еден симптом е клучен
„Децата кои од симптоми имаат само течење нос, апсолутно немаат коронавирус“, тврди британски експерт.
Професорот Тим Спектор од „Кинг Колеџ“ во Лондон, им објаснил на родителите како да ги разликуваат симптомите за сезонскиот грип од коронавирус. Тој, меѓу останатото вели дека 'течење нос, кивање и затнат нос', се симптоми кои упатуваат на тоа дека детето сигурно нема коронавирус, туку има настинка.
Професор Спектор, кој ја направил и „Coronavirus Symptom Study“ апликацијата, стои позади истражувањето за најчестите симптоми на коронавирус кај децата на школска возраст. Според неговите резултати, најчестиот симптом е замор (кај 55 отсто од неговите испитаници) и температура (кај 49 отсто).
Кај повозрасните, фреквенцијата на симптомите е следна: Замор (87 отсто), главоболка (72 отсто), губење на чувството за мирис (60 отсто). Ниту возрасните ниту децата заразени со коронавирус немале симптоми како течење нос, вели експертот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа