„Каков удар сине“ - познатите се збогуваат од актерот Славиша Кајевски

 

Изненадувачка беше смртта на актерот Славиша Кајевски. Неговите, колеги, пријатели преку социјалните мрежи веќе започнаа да се збогуваат со него.

„Каков удар сине, монструозен и подмолен шок... За мене ќе бидеш мојот син Раде од Министерка, те сакам убавецу.. Одмори се и поздрави ги другарите“, напиша актерката Весна Петрушевска.

„Денес нашиот Славиша Кајевски, нашиот пријател, голем актер, душа памук, секогаш спремен за забава и шеги, со кој имаме поминато многу незаборавни моменти, замина од каде што враќање нема… Почивај во мир душо убава и чиста, немаме зборови да ја искажеме нашата тага и неверување… Другарот на Алескандар со кој цело време си правете муабет за ракометот. Ќе недостигаш… Многу… На сите! Нашето семејство нема никогаш да те заборави… Ова е последен поздрав од нас, Кристина, Александар, Максим и Матео… летај душо сега. Таму е сигурно подобро…“, напиша пејачката Кристина Арнаудова.

 

„Господе зошто овој човек?! Зошто уште еден предобар човек, млад живот и преталентиран актер?! Во шок и неверување сум!!! Во солзи... Не постојат зборови да ја опишат тагата… Славиша“, напиша пејачката Елена Ристеска и го сподели видео-спотот во кој учествува и Кајевски.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era)

02.12.2021 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега