Какво време не очекува викендов?


Времето утре променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, соопшти УХМР.
Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
„За време на викендов времето ќе биде претежно стабилно и потопло. Под влијание на нов влажен бран во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни, со пороен карактер и со појава на ретки грмежи. Температурата во вторник ќе биде во опаѓање и на планините врнежите ќе бидат претежно од снег“, стои во соопштението од УХМР.
01.03.2024 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега