Кање Вест веќе не е милијардер

 

Поништувањето на партнерството со „Адидас“ е голем удар за богатството на раперот Кање Вест. Тој сега и официјално веќе не е милијардер. Компанијата за спортска опрема ја прекина соработката со Кање, по повод неговите антисемитски изјави, објави „Форбс“.

Стручното списание го процени тој договор на Вест на 1,5 милијарди долари и нагласува дека финансиската состојба на музичарот сега паѓа на 400 милиони долари. „Адидас“ вчера ја објави својата одлука да го прекине партнерството со Вест, т.е. производството на линијата обувки и облека „Јизи“ (Yeezy) на раперот е веднаш прекинато.

„’Адидас’ не толерира антисемитизам и секаков друг вид говор на омраза. Неодамнешните коментари и постапки се неприфатливи, полни омраза и опасно ги нарушуваат вредностите на компанијата за различност и вклученост, меѓусебно почитување и правичност“, соопшти германската компанија.

Овој потег доаѓа набргу откако и агенцијата за таленти CAA го отпушти Вест (45), а филмското студио „МРЦ“ одлучи да не објави завршен документарен филм за 24-кратниот добитник на „Греми“.

На почетокот на овој месец, профилот на Вест на Инстаграм беше делумно блокиран, а и неговиот профил на Твитер беше заклучен поради објавите што се оценети како антисемитски.

26.10.2022 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега