Капитенот Азпиликуета останува уште две сезони во Челси

 

Капитенот на Челси, Цезар Азпиликуета, потпиша нов договор за да остане на „Стемфорд бриџ“ до 2024 година ставајќи крај на шпекулациите за потенцијален трансфер во Барселона.

Според британските медиуми, новиот газда на „сините“, Тод Бели, го блокирал трансферот на 32-годишниот дефанзивец и тој решил да продолжи со тимот кому му е повеќе од потребен по заминувањето на Андреас Кристенсен и Антонио Ридигер. Ова беше проблематично лето за трансфери на Челси откога ги пропуштија Жил Кунде (Барселона), Матијс де Лихт (Баерн Минхен) и Нејтан Аке, кој реши да остане во Манчестер сити, а вчера Брајтон официјално соопшти дека нема договор за трансфер ниту на Марк Кукурелја.

Азпиликуета има 476 настапи за Челси освојувајќи две титули од Премиер лигата, ФА-куп, Лига на шампионите и две титули од Лига Европа.

04.08.2022 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега