Карди Би нема да ја тужат дека гаѓаше фан со микрофонот

 

Карди Б нема да добие тужба откако фрли микрофон кон еден фан во текот на концерт.

Раперката минатиот викенд настапуваше во „Дреи’с бичбар“ во Лас Вегас, каде ја замоли публиката да ја испрскаат со вода за да се разлади. Човек од публиката фрли чаша со мраз и мистериозна течност внатре. Таа веројатно ова не го очекуваше, па изреагира непромислено. Го фрли својот  микрофон кон публиката, каде се одби и погоди друго лице, кое ја пријавило во полиција.

30-годишната раперка била наведена како осомничена за лесен напад, но полицијата заклучила дека таа не направила ништо казниво, а случајот не е доставен до канцеларијата на Окружниот обвинител.

Адвокатите на Карди изјавија за „ТМЗ“ TMZ во четвртокот: „Попладнево бевме известени од полицискиот оддел во Лас Вегас дека, како резултат на нивната истрага, нема да биде покренато тужба против Карди. Во име на Карди, го цениме трудољубивото и брзо решавање на овој случај од страна на градската полиција на Лас Вегас.“

04.08.2023 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега