(ВИДЕО) Хаос во Русија: Силни експлозии одекнаа во голем руски арсенал, евакуирани цели села

 


Силни експлозии одекнаа во голем руски арсенал во Владимирската област, уништувајќи огромни количества муниција, вклучително и ракети за ПВО системи, повеќецевни лансери и наведувани бомби.

Украински извори тврдат дека станува збор за напад со дрон, додека Москва засега молчи за причините, но потврди евакуација на околните села.

Овој инцидент, доколку се потврди украинската верзија, ќе претставува значаен удар врз руската воена логистика.

 

22.04.2025 - 22:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега