Касами: Ќе водиме состојба на ред, правда и дисциплина

Носителот на листата на коалицијата „Можеме“ на СДСМ и Движењето Беса, во шестатат изборна единицам Билал Касами, оствари средби со жителите на Тетово од централното градско подрачје или популарната „Улица на бутици“, каде вообичаено во четврток се одвива и пазарен ден. Главната порака беше дека политичката програма на Движењето БЕСА ќе води состојба на ред, правда и дисциплина.

-Сега со поддршка на граѓаните, во овој мандат ќе работиме да ги отворима сите 80 поглавја од преговирите за членство во ЕУ.  Така, не само формално и реално ќе се подобри животот на граѓаните.  Ќе се зголеми просечната плата, поддршка на малите бизниси, подобрување во образование, инфраструктурата. Реално ќе се обидеме на крајот од мандатот животот да биде поблизок како во земјите членки во ЕУ, истакна Билал Касами.

Активносите денес низ Тетово ги спроведе заедно со останатите кандидати за пратеници Хатије Етеми, Абдуш Демири, Фатлинда Јаја и Аднан Азизи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега