„Кашлам, уморна сум и омалаксана“: Ксенија позитивна на коронавирусот, ги откажа сите настапи

 

Кога членките на групата „Ураган“, Сања Вучиќ и Ивана Николиќ минатиот викенд настапија во Германија без третата членка Ксенија Кнежевиќ, сите беа изненадени.

Таа промена се случи бидејќи ќерката на Кнез по втор пат се зарази со коронавирусот. Откако Сања и Ивана добија негативни тестови, решија да не го откажат настапот, а ќе бидат во полна сила штом Ксенија закрепне.

– Вториот пат имам коронавирус. Симптомите се полоши од минатиот пат. По неколку дена го изгубив вкусот и мирисот, а сега кашлам, уморна сум, омалаксана и ме болат белите дробови. Сè ќе биде добро, наскоро ќе закрепнам!, рече Ксенија за „Информер.рс“.

Инаку, Ксенија скоро започна да живее заедно со долгогодишниот дечко Никола.

23.03.2022 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега