Катастрофа во САД: Се урна мост во Балтимор - сте стравува дека има многу жртви
Дел од мостот „Френсис Скот Ки“ во американскиот град Балтимор се урна откако голем брод се судрил со него. Повеќе автомобили паднале во реката и итните служби се обидуваат да спасат најмалку седуммина луѓе.
Околу 1:30 часот по локално време, голем брод удрил во мостот, по што се запалил и потонал, додека истовремено коли паднале од мостот во реката.
„Спасувачките екипи се на терен, се верува дека најмалку седуммина луѓе се во водата“, изјави градоначалникот на Балтимор, Брендон Скот.
Тој додаде дека службите примиле повик дека брод удрил во столб на мостот, што довело до негово уривање.
„Засега не може да се каже точно колку луѓе се погодени од несреќата, но би можело да има доста жртви“, изјави Скот.
Мостот долг три километри е дел од автопатот кој го окружува Балтимор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа