Катастрофални бројки: Повеќе од 50.000 жртви во земјотресот на турско-сириската граница
Бројката на загинати во земјотресот во пограничниот регион меѓу Турција и Сирија на 6 февруари веќе надмина 50.000, покажуваат најновите податоци од двете земји, јавува ДПА.
Земјотресот само во Турција одзеде 44.218 животи, пренесе државната агенција Анадолија, повикувајќи се на Агенцијата за природни катастрофи - АФАД.
Во соседна Сирија,пак, досега се пријавени 5.900 смртни случаи.
Од разурнувачкиот земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што беше на 6 февруари, досега се регистрирани повеќе од 9.000 последователни или вторични потреси, јави турската државна телевизија ТРТ, повикувајќи се на АФАД.
Од областа на катастрофата се евакуирани речиси 530.000 лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа