Казна од 100 милиони евра заработи Гугл во Италија

Италија ќе го казни Гугл со повеќе од 100 милиони евра поради злоупотреба на доминантната позиција, соопшти денеска телото за заштита на конкуренцијата.

Казната, која изнесува 102,084 милиони евра, е образложена со одбивањето на интернет гигантот на својата платформа Гугл плеј да прифати независна апликација која овозможува пронаоѓање станици за полнење на електрични автомобили, се наведува во соопштението.

– Преку оперативниот систем Андроид и продавницата за апликации Гугл плеј, Гугл има доминантна позиција… Треба да се има предвид дека во Италија околу три четвртини од паметните телефони користат Андроид – објаснува регулаторното тело.

Според истрагата на италијанскиот регулатор, Гугл не одобрил употреба на апликацијата JuicePass, која ја развил италијанскиот енергетски гигант Енел, на системот Android Auto кој му овозможува на возилото да се поврзе и да добие бројни услуги.

Апликацијата JuicePass е конкурент на апликацијата Гугл Мапс, која само овозможува пребарување на станици за полнење на електричните возила.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2021 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа