Казнети 123 возачи во Скопје

 

Вкупно 123 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје во контролите во областа на сообраќајот.

Како што информира денеска МВР, 22 возачи биле казнети за непочитување на брзината на движење, 14 возеле без возачка дозвола, седум возеле возило под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли…

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.

27.07.2024 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега