Расте цената: Од денеска најскапи горива во последните 6 месеци

 

Малопродажната цена на нафтените деривати од денеска се искачи на највисокото ниво во последните речи си 6 месеци. Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика бензините и дизелот поскапеа за 1 односно 1,5 денари.
Со тоа од полноќ 95 октанскиот бензин се продава за 78 денари додека 98 октанскиот ја проби границата од 80 и сега се продава за 80,5 денари по литар.
Дизелот поскапи за 1,5 денари и сега чини 72,5 денари


Последен пат цените на ова ниво биле на крајот од летото минатата година поточно во текот на месец август.

Раст бележат и цените на нафтата на светските берзи. За помалку од 1 месец цената се зголеми за повеќе од 5%.

09.01.2025 - 08:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега