Кејт Винслет и Камерон Дијаз ќе глумат во продолжението на „Празник“

 

 

Се подготвува продолжение на едeн од омилените празнични филмови, „Празник“ (The Holiday) и, наводно, повеќето од оригиналната актерска екипа веќе се пријавиле за проектот.

Според инсајдер, Камерон Дијаз и Кејт Винслет се подготвени за втор круг на божиќниот класик.

Оригиналниот филм од 2006 година следи две млади жени од сосема различни средини кои гo заменуваат своjот дом во текот на празничната сезона. И двете доживуваат сериозен културолошки шок, но на крајот наоѓаат љубов, секоја во својот сопствен свет.

Поминаа 17 години откако последен пат ги гледавме Ајрис и Аманда. Фановите ќе дознаат што се случило оттогаш.

Инсајдер изјави за „Сан“ дека сите од оригиналната екипа (Кејт Винслсет, Камерон Дијаз, Џад Ло и Џек Блек) ќе глумат во продолжението.

„Планот е да се започне со снимање следната година, првенствено во Обединетото Кралство и во Европа. Сите актери од оригиналниот филм се пријавија и беа вклучени пред 4 дена,“ речи изворот за весникот.

„Тоа е еден од најуспешните филмови од ваков вид и сè уште во него секоја година уживаат милиони фанови низ светот – сосема е логично повторно да ги погледнеме тие ликови и да дознаете што станало со нивните животи откако се споија.“

„Ќе биде смешно, интересно и романтично – токму она што секој го сака за Божиќ“.

 
01.08.2023 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега