Кики Рахимовски открива по што ќе го памети татко му: Тие работи се незаборавни (ВИДЕО)

 

Кристијан Рахимовски искрено проговори за смртта на својот татко и откри дека засекогаш ќе остане запаметен по љубовта што му ја всадил и по заедничките концерти.

„Овие работи ми се незаборавни и ќе ги чувам како спомен на татко ми затоа што сите луѓе што го сакаа и сета љубов што ни ја даваше сите овие години е нешто што ми дава една силна порака, лично до мене и се надевам на другите луѓе“, изјави тој за In Magazine.

Хусеин Хасанефендиќ Хус додаде дека го предвидувал најлошото веќе подолго време.

„Тешко е да се прифати, тоа е толку ненадејно, иако имав некои претчувства, бидејќи Аки не беше човек кој би се грижел премногу за себе. Тој едноставно го гледаше животот како полигон за брзи возила. Никогаш не се штедел, никогаш знаеше да ја рационализира и употреби енергијата што ја има“, рече тој.

31.01.2022 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега