Кина лансираше сателит кој ќе може да комуницира и од оддалечената страна на Месечината
Националната вселенска агенција на Кина денеска соопшти дека лансирањето на нејзиниот клучен сателит за испраќање сигнали било целосен успех и дека тој во наредните години ќе служи како комуникациски мост за идните мисии на Месечината. На 20 март, Кина лансираше поголем сателит и уште два помали сателити, Tианду-1 и Tианду-2.
Сателитот ќе се користи за комуникација со Земјата и во претстојните мисии на оддалечната страна на нејзиниот сателит најмалку до 2030 година. Блиската страна на Месечината секогаш е свртена кон Земјата, што значи дека преносот на податоци од оддалечната страна бил невозможен бидејќи нема директна линија до неа.
Ксионг Лианг, кој го разви лансираниот сателит, го опиша како „главен прекинувач“ за четвртата фаза од мисии на Месечината, јавува кинеската државна телевизија. „Само кога главниот прекинувач е вклучен, може да започне комуникацијата“, рече тој.
Сателитот ќе орбитира околу Земјиниот сателит и ќе испраќа и прима сигнали од мисијата Ченг-6, чие лансирање се очекува во мај. Таа роботска мисија за прв пат ќе се обиде да собере примероци од темната страна на Месечината. Сателитот ќе се користи и кај мисиите во 2026 и 2028 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа