Кисела Вода: Се обидел да запали автомобил, по што бил виден од комшиите и избегал

Во 01.57 часот во СВР Скопје, М.С.(40) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода едно лице се обидело со запалива течност да предизвика пожар на нејзиното патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки но, откако било забележано од соседите, го напуштило местото.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

23.07.2024 - 16:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега