„Ќе го добијам девојчето во ковчег“: Потресни зборови на таткото на исчезнатата Елпида по несреќата во Грција

 

Очаен татко на 28-годишна исчезната девојка која била во возот за време на кобната несреќа во Грција, со солзи во очите го опишува кошмарот што тој и неговото семејство го преживуваат секој ден откако ја загубија ќерката Елпида.

„Немам нови информации, чекам. Полицијата ќе ме повика. Дадовме ДНК примерок. Надежта дека моето дете ќе го пронајдам живо исчезна“, раскажува тој.

Елпида беше студент на четвртата година на атинскиот универзитет за применети науки и има уште два сина кои живеат во Солун.

„Го одгледав моето мало девојче најдобро што можев, а не некој да ми го убие. Ќе дојде Велигден, а нејзината чинија и стол ќе бидат испразнети“, рече тој, пренесува Си -Ен -Ен Грција.

Гледајќи назад во процесот што се чека да се заврши, тој вели дека „оние што беа идентификувани ќе бидат понесени во ковчези, затоа што нема преживеани“.

Момчињата сè уште не разбираат што се случило, тие сè уште бараат во болници, можеби таа е жива. Ќе го добијам моето мало девојче во кутија, распарчено“, рече тажниот татко.

Според најновите податоци, во судирот на товарниот и патничкиот воз, загинале најмалку 57 лица.

03.03.2023 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа