Ќе се изненадите: Колку треба да трае идеалниот сексуален однос
Иако идеалното траење на сексуалниот однос е индивидуална стапка, факт е дека за најголемиот дел од паровите, вагиналната пенетрација трае нешто подолго од 5 минути, а приказните за секс кој трае со часови се само мит, барем кај просечните парови.
Порталот mbg направил анализа на повеќе истражувања за траењето на сексуалниот однос и вкрстувајќи ги податоците од повеќе анкети дошол до заклучок дека вагиналната пенетрација во просек трае 5,4 минути пред ејакулацијата.
Според истите истражувања, секој секс меѓу 3 и 13 минути се смета за нормално траење на вагиналната пенетрација. Се под три минути е “некоректно“, над 13 се смета за исклучок.
Според истите анализи, на жената и треба во просек 13,4 минути за да доживее оргазам, а тоа не вклучува само вагинален секс.
Истражување во кое биле опфатени 3000 хетеро парови покажува дека предиграта во просек трае меѓу 11 и 13 минути. Мажите обично велат дека предиграта трае подолго за разлика од жените.
Жените во просек сакаат сексот да трае подолго. Според нив, над 25 минути е најдобрата варијанта. Тука нека се и мажите кои според истото истражување најчесто не се објктивни кога зборуваат за времетраењето на својата „изведба“ во креветот.
Експертите велат дека нема идеално траење на сексуалниот однос. Според нив, 7 до 13 минути е пожелно време кое треба да помине во вагинална пенетрација. И тие се согласуваат дека се што е под три минути е „непримерно кратко“. Меѓу нив нема консензус околу тоа „што е подолг сексот, тоа е подобар“. Велат, тоа што ве прави среќни Вас и Вашиот партнер, тоа е идеалното.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа