Ќе ви го уништи животот и ќе Ве оттуѓи од сите: Четири знаци дека имате работа со емотивен манипулатор
Многу е тенка линијата меѓу партнер кој се однесува заштитнички кон вас или е доминантен и презема контрола над вашиот живот, без да сте свесни за тоа. Препознајте ги на време знаците кои откриваат дека сте во врска со манипулатор.
„Иако жените умеат да бидат посесивни, мажите се склони да бидат насилни ако почувствуваат дека им е загрозен љубовниот живот“, тврди д-р Луен Бризендин, професорка по клиничка психологија на Универзитетот во Калифорнија.
Проблемот обично почнува со нежни предупредувања, па по некое време се претвораат во преземање контрола, а партнерот може да стане и насилен.
Вака мажот манипулира со вас, ги открива вашите слаби и болни точки па кога ќе ве фати во момент на слабост ќе се постави како најпрекрасната личност во светот и ќе ве увери дека сите се против вас, а тој единствено ве штити. Важно му е да ве изолира, па целосно да зависите од него, често ќе ги оцрнува вашите најблиски и пријателите, за да ве оддалечи од нив.
Кога ќе сфатите дека не е воопшто фин, ќе биде доцна. Но, постојат знаци кои откриваат вакво однесување. Првиот и најсомнителен знак е ако ги прислушува вашите разговори или ве испитува за бројот кој ве повикал или на кој сте се јавиле.
Сомнително е и ако постојано ве набљудува како се однесувате во друштво и често ве обвинува дека флертувате со некој кој ве насмеал со шега. Постојано ве обвинува дури и ако поразговарате со пријател од детството.
Бидете внимателни, не е нормално да очекува дека целиот ваш живот постојано се врти околу него.
Овие четири знаци говорат дека си имате работа со манипулатор:
Колку вам ви е полошо, нему му е подобро
Колку вам ви е понезгодно во друштво, тој е позадоволен и се чувствува сакано. Тој е вашиот човек за сè.
Сè што прави ве збунува
Еден момент е грижлив, веќе во следниот миг е бесен бидејќи не е по негово и се уверувате себеси да го занемарите тоа, бидејќи многу „ве сака“.
Или сте со него или сте против
Ако одлучите да минете време со некој друг ќе ве натера да се чувствувате лошо бидејќи го „игнорирате“.
Емоционална манипулација
Ако вашиот партнер е некој покрај кого се чувствувате лошо, се плашите да го прашате нешто или да му кажете бидејќи не знаете како ќе реагира, можеби станува збор за емоционален насилник. Таквиот човек без причини ќе ви одржи предавање во кое ќе ги наброи вашите маани и ќе ве прогласи за глупави или неспособни, сакајќи да ја уништи вашата самодоверба. Ако сакате да го напуштите може да падне на колена и да се извини за повторно да ве придобие. Но, тоа ќе трае кратко и до првата прилика за ново емоционално манипулирање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа