Ќе заборавите на коронавирусот: Американските научници открија нова болест
Американски научници открија нова болест, чии последици предизвикуваат висока стапка на смртност затоа што го напаѓа имунитетот
Болест наречена ВЕКСАС - „вакуоли, ензим Е1, поврзан со Х, автоинфламаторно и соматско синдром“, главно влијае на белите дробови и имунитетот и предизвикува силни тромби.
Научниците од американскиот Национален институт за здравство (НИХ) ја откриле болеста ВЕКСАС за време на анализата на геномските низи на повеќе од 2.500 луѓе на кои им биле дијагностицирани белодробни заболувања. Споредувајќи ги геномските низи, тие откриле дека 25 возрасни мажи имале специфични мутации во генот UBA1, за кој се верува дека е извор на болеста.
- Наместо да бараме клинички сличности, ја искористивме предноста на геномските сличности што ни помогнаа да ја откриеме оваа нова болест - рече Даниел Кастнер.
Она што најмногу загрижува е податокот што вели дека новооткриената болест е „опасна по живот“ и дека 40 проценти од пациентите кои ја имаат починале, а толку висока стапка на смртност се припишува на „разорни последици од сериозна состојба“, се вели во соопштението на НИХ.
Кастнер објасни дека пациентите кои страдаат од болест VEXAS стануваат многу болни и не реагираат на каков било третман, од високи дози на стероиди до разни третмани со хемотерапија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа