Ќерката на најпознатиот актерски пар сакала да си го одземе животот: „Со години ме злоставуваше социопат“

 

Ќерката на еден од најпознатите актерски парови, Деми Мур и Брус Вилис, Талула Вилис, ја отворила душата по пат на социјалната мрежа Инстаграм каде што со своите следбеници споделила траума која што ѝ се случила уште кога била тинејџерка.

Таа изјавила дека „била заробена во куќа на хоророт“, но не кажала многу детали за сето тоа.

Талула објаснила дека иако никогаш физички не била допрена, жената ја излажала да живее со неа, ѝ го сменила бројот од телефонот и го презела нејзиниот мејл, па ги сокривала пораките од неа.

Ќерката на познатите родители открила дека иако поминало многу време оттогаш, сè уште не заздравела целосно од тоа, но дека е подготвена со јавноста да ја сподели својата приказна, иако не целосно.

„Постоеше некој во мојот живот, некој кој што ми беше донесен во мојот свет, уште кога одев во основно училиште, некој за кој што ми беше кажано дека е тука за да се чувствувам сигурна.

На 18 години го одложив заминувањето на бостонскиот Универзитет. Тогаш таа личност за која што сега сфаќам дека била социопат, ме упати да живеам со неа. Без приговори (не знаев дека имам право на глас), се вселив кај неа. Во текот на тие две години живеев во страв кој што сè уште го чувствувам во стомакот. Ми остана во грлото долго откако побегнав од мојот насилник“, изјавила Талула, па продолжила:

„И понатаму не можам да сфатам како некој може да направи такво нешто на дете кое што веќе имаше толку многу болка во себе, кое што само сакаше љубов, сигурност и простор да созрее. Моето ментално здравје беше изманипулирано поради сигурност на работа и платежни картички без лимит“.

Талула исто така изјавила дека имала суицидни мисли и дека таа сама за себе си била најголемата закана.

„Во поголем дел од времето се чувствував како болката да беше преголема за да продолжам понатаму. Се молев да ме спасат од својот ум“.

Девојката претходно открила дека имала проблем со исхраната, како и дека за малку ќе се отруела со алкохол кога имала само 15 години.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ДЕТИ ЗВЕЗД (@allegraalba)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега