Книга која открива каков е односот помеѓу Макрон и Брижит ја крена јавноста во Франција „на нозе“
Француската новинарка ја издала биографијата која открива детали за односот на Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит.
Француската новинарка Гел Чакалоф (49) од 2016 година е блиска пријателка со брачниот пар Макрон. Таа една година внимателно ги набљудувала и оттогаш настаната биографијата „Сè додека сме заедно“ (Tant Qu'on Est Tous les Deux).
Минатата седмица оваа биографија се нашла во книжарниците ширум Франција и привлекла големо внимание, иако не е авторизирана.
Сепак, во неа се наоѓаат директни цитати на Брижит Макрон и Емануал Макрон.
Чакалоф вели дека останала „фасцинирана“ со нивната љубовна приказна, а за медиумите открила дека претседателот на Франција на сопругата ѝ се јавува на секој час и половина.
Новинарката за книгата искористила извори блиски до парот кои не ги именувала. Тие велат дека Брижит е предадена на успехот на нејзиниот сопруг.
Во книгата зборува и мајката на Емануел Макрон и вели дека има близок однос со Брижит.
„Тие ги знаат нивните меѓусебни распореди до минута. Макрон во кревет оди откако ќе го поднесе деталниот извештај за својот ден, а истиот и го дава на Брижит. Претседателот вели дека Брижит некогаш ќе задреме и ќе слушне сè, но главно го чека тој извештај“
„Сè додека сме заедно, сè ќе биде добро. Среќни сме што се најдовме еден со друг. Нашата врска се појави од првиот ден кога се сретнавме. Луѓето тоа не го разбираат, денешното општество е премногу наклонето кон индивидуализмот. Меѓутоа, тоа што сте во право нема да го наруши индивидуализмот, тоа ве прави посилни“, вели Брижит во биографијата.
Брижит и Емануел се сметаат за „најдобриот претседателски пар во историјата“. Нивната врска од самиот почеток предизвика бура во јавноста, особено поради тоа што се дозна дека сè започнало во училишните клупи каде денешната госпоѓа Макрон била во улога на наставничка, а францускиот претседател нејзин ученик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа