Коцевски го примил предлогот за разрешување
Советот на јавни обвинители му го достави на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски предлогот за негово разрешување.
Коцевски за предлогот кој се базира на наводи според кои постои сомнеж за неговата непристрасност како и за судир на интереси, има право да се произнесе на предлогот за негово разрешување во рок од 15 дена, според Законот за јавно обвинителство.
Крајната одлука за разрешување ќе ја донесе Собранието на Република Македонија, а ќе бидат потребни 61 глас од пратениците.
Коцевски изминативе месеци тврдеше дека цел мандат работел според законот.
07.03.2025 - 09:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа