Кое време од денот е најдобро за секс?
Тешко е да се каже кога е најдобро време од денот за водење љубов, бидејќи тоа е индивидуална работа, но постојат одредени предности на препуштањето на страстите наутро, попладне и навечер.
Кај попладневниот секс човекот успева да се разбуди доволно за да ужива, а од друга страна сѐ уште се нема заморено од обврските. Сепак, вечерниот е подобар за добар сон.
Предности на утринскиот секс
Се вели дека предностите се големи, од лесно утринско вежбање за телото до почнување на денот со хормони на среќа и добро расположение. А кога утрото ќе почне добро, обично таков е и целиот ден.
-Нивото на тестостерон природно е највисоко наутро, а токму тоа е причината зошто мажите имаат утринска ерекција. За тие кои се будат рано, сексот е одличен начин за започнување на денот, вели сексуалната терапевтка, Теми Нелсон.
Утринскиот секс може да биде и поудобен зашто телото е опуштено по спиењето, иако, тоа не е случај кај сите луѓе.
Попладневен секс за оние кои не се утрински птици
-Многу луѓе сакаат да станат, да се истушираат пред секс. Кај други утринскиот секс предизвикува многу поголем замор и помало чувство на живот, вели Нелсон.
Од друга страна, препуштањето на страстите во вечерните часови за многумина е убава помисла, но немаат доволно енергија за тоа по напорниот ден. И тука доаѓаме до пладневниот секс кој е некаде во средина. Човекот се буди доволно за да ужива, а од друга страна се уште не е заморен од обврските.
Што е со сексот навечер?
-Оргазмот е едносмерна улица за влез во сон. По неверојатен секс и оргазам вашиот мозок испушта коктел хормони од кои се чувствувате добро, вели сексоколот Џиџи Енгл.
Окситоцинот ја засилува љубовта меѓу партнерите, а ослобудвањето на овој хормон пред спиење создава позитивно чувство кон партнерот со кој влегувате во светот на соништата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа