Кога не можете да вдишите доволно воздух - што е диспнеа и можни причини
Причина за појава на „тесен граден кош“ или „чувство дека не може да се вдише до крај“, како што пациентите вообичаено ја опишуваат оваа состојба, која медицински е наречена диспнеа, може да е: астма, хроничен бронхитис, воспаление на бели дробови, пукање на белодробната обвивка или присуство на вода во плеврата.
Но, истовремено, причина може да бидат и кардиолошки проблеми, како што се пореметување на ритамот на срцето, слабост на срцето, воспаление на срцевиот мускул, како и анемија и заболувања на штитната жлезда.
До диспнеа може да дојде во рамките на предменструален синдром, менопауза, стрес, нервоза, пушење, како и поради промени на климатските услови, но причина може да бидат и многу сериозни состојби.
Според експертите, не треба да се тргнува од претпоставката дека недостатокот на воздух е последица од нервоза или стрес, туку треба да се исклучат сите други причини. Важно е на време да се направат основните лабораториски анализи, ЕКГ и снимка на белите дробови. Во зависност од наодите, лицето се упатува на соодветен специјалист.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа