Кога треба да се јавите на лекар: Не се само главолката и температурата, првите симптоми на коронавирусот се јасни
Постојат пет знаци кои укажуваат дека заразените со коронавирус задолжително треба да се јават на лекар.
Првиот знак се тешкотии при дишењето. Нормалниот број на вдишувања во минута е 12 до 16, а ако тој број се зголеми на 25 до 30 тоа е еден од важните знаци дека заразените треба да се обратат на доктор.
Втор знак се интензивни главоболки кои не престануваат ни кога се земаат аналгетици, следува повраќање кое не престанува, дијареа и секако висока температура, вели Александар Ивковиќ, радиолог од Ниш.
Во изјава за „Белградска хорника“ Ивковиќ вели дека проблемот е во самата болест. Ковид 19 е болест карактеристчна по тоа што пациентите не знаат дека се болни и ја шират заразата.
-Првите тегоби кои ќе ги почувствувате се мала температура, мали тегоби и им се чини на пациентите дека се е воред. Потоа секој ден состојбата се влошува и кога веќе е дозна се јавуваат на лекар. Станува збор за пациенти кои имаат тежок облик. Околу 80 отсто од пациентите имаат полесен облик на болеста - вели Ивковиќ.
Според него има многу пациенти, но во секој случај има пациенти кои немаат никакви тегоби, а имаат инфекција на белите дробови - вели радиологот.
Тоа не значи, нагласува докторот, дека сите треба да ги снимаат белите дробови. Одлуката зависи од лекарот кој го прегледува пациентот и тој одлучува дали е потребно да се снимаат белите дробови или на, врз основа на лабораторијата, од општата состојба на пациентот.
-Уштеод јануари месец Кога Кинезите испратија први снимки од скенераните бели дробови можеше да се види инфекцијата на белите дробови доста различна во однос на другите болести. Во Италија многу интензивно се правеше скенирање на белите дробови кај скоро сите пациенти и дојде до некои сознанија кои сега ни помагаат да дадеме точна дијагноза - објаснува Ивковиќ.
Истакнува дека промените на Ковидот јасно се гледаат на скенер, многу се специфични и со сигурност се знае дали станува збор за Ковид или не.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа