Кога ви се брза - рецепт како да закиселите зелка за 12 часа

 

Киселата зелка е главна на трпезата посебно кога настапуваат студените денови. Домаќинките веќе ја знаат постапката за нејзино закиселување, но за нештата да бидат уште поедноставни постои начин со што тоа ќе го направите само 12 часа.

Ова е се што ви е потребно – 1 поголема главица зелка, 3,5 дл. вински оцет, 3 дл. вода, 4 лажички сол, 1 парче леб.

Подготовка: Исечете го коренот на зелката, а главицата ставете ја во длабок сад. Истурете 2 лажици сол во шуплината каде што бил коренот и ставете две лажици сол. Прелијте со жешка вода во која ќе го додадете остатокот од солта. Додадете го оцетот, покријте со чинија и оставете да отстои 8 часа. Извадете ја зелката, од неа извадете ги трагите од изронетиот леб и префрлете ја во длабок сад. Исцедете ја течноста, а потоа истурете ја зелката и гответе 10 минути на средна температура, додека течноста не зоврие.

Тргнете од оган и оставете да се излади. Извадете ја од тенџерето. Листовите лесно ќе се одвојат и зелката е спремна за сарма.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2020 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега