Коха: Груби ќе биде првиот вицепремиер

Артан Груби ќе биде првиот вицепремиер и министер за политички систем пренесува „Локално“  повикувајќи се на весникот Коха.

Од таму информирале дека Бујар Османи ќе биде новиот министер за надворешни работи, министер за финансии ќе биде Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, додека Екологијата ќе ја води сегашниот министер, Насер Нуредини.

Првиот вицепремиер е за прв пат од албанска партија, додека одлуките, како што се договориле коалициските партнери, ќе се носат со консензус меѓу премиерот и првиот вицепремиер, пишува весникот.

Во меѓувреме, веќе е назначено дека министерот за земјоделство, кој ќе припадне на Движењето БЕСА, ќе биде Аријанит Хоџа, генерален секретар на партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2020 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега