Кои 3 хороскопски знаци ги очекува голема среќа сè до 31 октомври?
Еден од најинтензивните аспекти оваа недела според астролозите секако е денешното затемнување на Сонцето. Сонцето ќе се усогласи со Венера и ќе се фокусира на љубовта и убавината.
Ова, исто така, ќе биде период на промени, па набргу ќе морате да донесете важни одлуки за тоа што е тоа што ве прави среќни, што треба да прифатите и од што треба да се откажете во животот.
Во среда, Меркур ќе ви донесе повеќе самодоверба и подобрени комуникациски вештини што особено може да влијае поволно врз работата или во комуникацијата со партнерот.
Дополнителни планови и амбиции ќе се разбудат кај вас преку спојот на Меркур и Јупитер. Тоа ќе ве поттикне да бидете продуктивни и проактивни. Фокусирајте се на она што ви е важно, но не заборавајте и да се одморите. Овие 3 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во текот на оваа недела сè до 31 октомври!
Бик
Веќе некое време размислувате да му пријдете на некого на работа. Можеби сакате да дадете предлог или да побарате услуга, но до сега не знаевте како да го направите тоа. Во текот на оваа недела конечно ќе ви стане јасно по кој пат треба да тргнете и како да ја зголемите самодовербата.
Близнаци
Во текот на изминатите неколку дена можеби се чувствувавте преоптоварени и се соочивте со тешкотии во комуникацијата со другите. Во текот на оваа недела ќе можете да здивнете, а ќе забележите и дека полесно се изразувате. Тоа ќе ви донесе позитивни промени во односите со луѓето околу вас, особено на работа.
Скорпија
Овој период ве поттикнува да заблескате во сопствено светло. Време е да станете уште поавтентични и бестрашно да му покажете на светот колку сте добри во она што го работите. Ова исто така ќе привлече интересни поединци во вашиот живот кои ќе ви се восхитуваат токму такви какви што сте.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа