Кој беше Денис Тот: Живееле во иста зграда со удавениот ракометар Даниловски (ФОТО)

 

Младиот ракометар Денис Тот (27) почина попладнево на КАРИЛ откако во медиумите прво се проширија вестите дека бил претепан во ноќен клуб, а потоа дека добил само срцев удар, а не и траги на насилство.

Тот играше за скопски Бутел, а како десно крило во клубот пристигна минатата сезона откако замина од РК Охрид  каде беше сведок на големата трагедија која ја потресе Македонија кога почина ракометарот Никола Даниловски (26) чие тело полицијата го пронашла во Охридското Езеро кај туристичкото место Лагадин.

-Страшни вести, не беше ниту на вечерниот тренинг, а следното утро ги дознавме најлошите вести. Живеевме во иста зграда и можам да кажам дека не го заслужи ова, изјави тој во мај минатата година за хрватските медиуми.

Денис е од хрватското место Ѓаково, татко му е фудбалски тренер, но неговите синови завршиле во ракометот. Неговиот помал брат Борис брани во Холандија, додека кариерата Денис ја има започнато во ракометниот клуб во Ѓаково.

Денис во својата професионална кариера се здоби и со една сериозна повреда на коленото, но и згора на тоа се врати на терените.

-По повредата не ни знаев дали ќе можам да се вратам, тоа беше долго опоравување. Го зацврстив коленото и мускулите за да можам да се вратам на ракометот,вака велеше ракометарот за хрватските медиуми во минатото.

Тој играше за Пореч, Бјеловар, Брук, Охрид како и последниот негов клуб Бутел во кој вечно ќе биде запаметен.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Denis Tot (@denis_tot)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Denis Tot (@denis_tot)

08.04.2022 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега