Кој би рекол: За овие намирници кои ги користиме не сме ни свесни колку се важни за срцето
Една студија која била спроведена во Америка покажала дека витаминот за кој малку се зборува има важна улога во заштитата и зачувувањето на здравјето на срцето.
Над 50.000 учесници биле следени во текот на 23 години и било утврдено дека оние кои внесувале храна богата со витаминот К имаат здраво срце.
Не сте слушнале за овој витамин, или пак не знаете за што служи? Станува збор за есенцијална супстанција растворлива во маст која помага при регулирање на згрутчување на крвта и исто така ги јакне коските.
„Моменталните препораки за внесување на овој витамин се однесуваат само на неопходната доза за крвта да не може да се згрутчува, но сега имаме докази дека поголема количина од овој витамин помага во здравјето на срцето. Витаминот К го штити срцето така што спречува калциумот да се таложи во поголемите артерии во телото“, објаснил д-р Никола Нондоно, автор на студијата.
„Витаминот К постои во два облици и двата можат да се најдат во храната која ја јадеме секој ден“, наведува д-р Ешли Џордан Ферира.
„Витаминот К1 се наоѓа во зелениот зеленчук, како што е спанаќ, блитва, како и брокула и кељ. Доколку сакате да го зголемите внесот на витаминот К2, јадете жолчки од јајца, путер, сирење, протеини“, објаснила таа.
Ферира нагласила дека витаминот К2 се наоѓа и во ферментираните намирници , како што се кисела зелка, јогурт, кефир и други намирници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа