Комисијата за здравство е матично тело за надзорна расправа за аерозагадувањето

 

Комисијата за здравство ќе биде матично тело за надзорната расправа за ефектите од аерозагадувањето, информираа од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Комисијата ќе се погрижи расправата да се одвива организирано и согласно Деловникот, со цел зачувување на кредибилитетот и отчетноста на Собранието.

Претходно, претседателот на Постојаната анкетна комисија, Димитар Апасиев, најави расправа на 25 февруари, но дел од членовите укажаа на процедурни неправилности. Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања заклучи дека не се почитувани процедуралните правила, по што Гаши го извести Апасиев дека расправата не може да продолжи.

Апасиев обвини дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ прават опструкции и побара од Гаши да не го зема предвид мислењето на Комисијата за деловнички прашања.

И владејачкото мнозинство, со 61 пратеник, поднесе барање за одржување на расправа со целосно почитување на Деловникот, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

19.02.2025 - 20:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега