Коронавирус, грип или настинка - како да знаете што се случува во вашето тело
Според присуството или отсуството на покачена телесна температура можете наједноставно да препознаете што се случува со вашето тело.
Сезоната на грип и вируси е во полн ек, а присутни се и настинките и коронавирусот, па и новиот омикрон сој за кого експертите велат дека е позаразен од делта сојот.
Симптомите на настинка, грип и коронавирус сепак се разликуваат едни од други, а според присуството или отсуството на покачена телесна температура можете наједноставно да препознаете што точно се случува со вашето тело.
Симптоми на настинка
Британскиот здравствен систем издвоил неколку најчести симптоми на настинка, нагласувајќи дека тие главно се појавуваат постепено:
- болка во грлото
- затнат нос или течење од носот
- главоболка
- болка во мускулите
- кивавица и кашлица
- притисок во ушите
- покачена телесна температура
- губење на сетилото за мирис и вкус
Симптомите се исти и кај возрасните и кај децата, со тоа што кај децата може подолго да траат.
Симптоми на грип
Според податоците на британскиот здравствен систем, симптоми на грип се:
- треска и температура повисока од 38 степени
- чувство на умор и исцрпеност
- болка во телото
- сува кашлица
- главоболка
- болка во грлото
- проблеми со спиењето
- губење апетит
- дијареја или болки во стомакот
Симптоми на коронавирус
Од почетокот на епидемијата, симптомите на коронавирус се менуваа, но лекарите како главни ги издвојуваат:
- покачена телесна температура
- ненадејна кашлица што трае
- промена или губење на сетилото за мирис и вкус
Симптоми на делта сојот
Според податоците собрани преку апликацијата „ZOE“, симптомите кои се појавуваат зависат од тоа дали сте вакцинирани и колку дози на вакцина сте примиле.
Симптоми по две дози вакцина:
- течење од носот
- главоболка
- болка во грлото
- кивавица
- губење на сетилото за мирис
Симптоми по една доза:
- главоболка
- течење од носот
- болка во грлото
- кивавица
- упорна кашлица
Симптоми на омикрон сојот
Според најновите податоци од Лондон, каде што има најмногу заразени со омикрон во Велика Британија, научниците издвоиле 5 главни симптоми на овој сој:
- главоболка
- течење од носот
- умор (благ или драстичен)
- болка во грлото
- кивавица
Експертите нагласуваат дека како симптоми на омикрон се појавуваат и губење на апетитот и мачнина, ноќно потење и засипнат глас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа