Косово викендов во карантин

 

Косовската влада воведе дополнителни мерки за заштита од ширењето на епидемијата на Ковид-19 вклучувајќи карантин, кој почнува од 20 часот вечерва и ќе трае до понеделник во 5 часот наутро. Ќе бидат затворени сите бизниси, трговските и рекреативните центри, супермаркетите и угостителските објекти.

 

Исклучок ќе има за пекарниците, аптеките, малите продавници и бензинските пумпи, јавните и приватните здравствени институции, како и фирмите што се занимаваат со производство, достава и продажба на неопходни производи.

Од вечерва до понеделник наутро се забранува влез и излез во Приштина, на Косово Поле, во Гнилане, во Обилиќ, во Ѓаковица, во Подуево и во Штимле.

Според последните податоци, во Косово од 1.827 тестирања, позитивни се 728 лица, што е 39 проценти од тестираните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2020 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега