Костадинов: Со ВМРО да се обединиме - не може да се гази македонската чест
Мојот предлог е да се обединиме пред да биде доцна.ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, НСДП ЛДП апсолутно сите! Ова е пораката на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, по вчерашните инциденти на кинење, палење и дрифтање на македонското знаме за време на прославата на албанското.
„Не може да се дели и уништува македонското ткиво, да се угнетуваат струмичанки и струмичани, додека во центарот на Скопје се гази македонската чест и достоинство.За жал струмичкото вмро дпмне нема сенс за националните интереси и интересите на граѓаните“, порача струмичкиот градоначалник на денешната прес-конференција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа