Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ работи на штета на граѓаните

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со опструкции, со блокади на важни законски решенија, истакна денеска пратникот од СДСМ, Костадин Костадинов.

Вели, партијата на Христијан Мицкоски по секоја цена работи на штета на граѓаните, на државата.

-ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието не се откажува од блокада на Законот со кој државата конечно ќе добие нов современ Клинички центар после речиси 80 години. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против унапредување на здравствениот систем, против здравствените работници, против подобри здравствени услуги за сите граѓани. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се и против наставниците и стручни соработници. Против се над 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование да добијат вработување на неопределено време, да добијат економска сигурност, рече Костадинов.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ се против припадниците на Армијата.

-Тие се противат војниците да добиваат отпремнина и до 20.000 евра и да имаат други поволности при пензионирање. Тие се против се стипендирање на дефицитарните кадри во Армијата и натамошно јакнење на капацитетите на одбраната. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против граѓаните, против здравствените работници, против наставниците, против образованието, против припадниците на Армијата. Се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира. Затоа шест пати ВМРО- ДПМНЕ се поразувани на изброи, затоа уште долго ќе се во опозиција, рече Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2021 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега