Костадиновска-Стојчевска: Опера и балет имаше тужби за неплатени икебани од 2012 до 2014 година

 

„Кон крајот на август, пред почетокот на есенската програма Националната опера и балет беше блокирано поради стари долгови и извршни решенија. Во Опера и Балет имаше долгови од проект за реновирање на салата, како и тужби од 2012 до 2014 година за неплатени икебани, неплатени сметки кон адвокатски друштва и слично“ изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска на Сител ТВ.

Таа додаде дека во тој момент овие долгови стигнале до извршител и морало да се платат, поради што Министерството за култура побарало Владата да излезе во пресрет.

„Владата ни излезе во пресрет и ни додели финансиски средства со што ги одблокиравме трите институции. Изминатата 2022 година ја завршивме со подмирени сметки и Министерството за култура во 2023 влезе со 0 денари пренесени обврски“ изјави Костадиновска Стојчевска.

Министерката кажа дека со Буџетот за 2023 година се предвидени сите средства за платите за културните работници за цела година, како и дека се обезбедни повеќе средства за комуналните давачки на културните институции.

04.01.2023 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега