Костовски: ВМРО-ДПМНЕ го врати достоинството на државата

 

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски во гостувањето на Алфа телевизија дискутираше за резултатите на Евростат кои покажуваат дека Македонија станува четвртата економија во Европа.

Костовски истакна дека со сериозниот пристап и поставеноста на институциите, државата прави плодна почва за подобрување на економските процеси како резултат на квалитетната поставеност која доведува до движење на државата во правилна насока.

„Сметам дека за разлика од пред година време, сега имаме Влада. Мислам дека и те како се забележува сериозноста на водењето на државата којашто ја наметна оваа Влада. Го вративме за почеток достоинството на државата, со сериозниот пристап и со новата поставеност пред сè на институциите на државата, правите квалитетна почва за подобрување на било кој економски процес, сериозноста и новата квалитетна поставеност на институциите во системот сметам дека направија една почва каде што може економијата да оди во нагорна линија и тоа ќе биде така сè додека е ВМРО-ДПМНЕ е предводник на оваа власт“, рече Костовски.

Градоначалникот исто така посочи дека за време на владеењето на СДС немало ден да помине без скандал, додека со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се покажува суштинска разлика за тоа како треба да се води една држава.

„Немаше ден да помине а да нема политички скандал кога СДС имаше централна и локална власт и потоа дојдоа нов тип на луѓе пред сè коишто добија доверба од страна на граѓаните, бевме навикната СДС да прави толку многу скандали за да сега поставуваме прашања година дена нема скандал, во таа смисла сме на добар пат да покажеме суштинска разлика како држава од тоа за жал од се тоа што сме биле до сега“, рече Костовски.

Костовски истакна дека е голема чест да се добие можноста за кандидат на Општина Бутел по втор пат, и нагласи дека Владата издвојува сериозни средства за поддршка на општините.

„Голема чест е тоа што излегов како човек којшто ќе добие можност втор пат да истрчам и одговорност е, голема благодарност до органите на партијата што одлучија така и секако до претседателот на партијата што ја стекна таа доверба во мене како градоначалник и сега ми даде нова шанса. Предност во сето ова е што Владата за прв пат во историјата на Македонија одвојува сериозни средства за да ние можеме да се почувствуваме вистински како градоначалници“, објасни Костовски.

Во однос на локалните избори, Костовски најави голема победа во сите општини.

„Ќе победиме и во тие општини каде што СДС традиционално наназад победувало, таа огромна победа ќе донесе и многу повеќе одговорност, ниту малку да не наликуваме на тоа што СДС го правеше во времето кога имаше и централна и локална власт, кога буквално се аздисуваше“, дециден е Костовски.

03.06.2025 - 19:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега