Костовски:Наместо програма, нови празни ветувања од ДПМНЕ


ДПМНЕ наместо програма, на граѓаните им нуди нови празни ветувања, изјави на денешната прес-конференција  
Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Главниот град Скопје и над 40 општини кои се под капата на ДПМНЕ се најголем пример за сите лажни ветувања на оваа партија, рече Костовски.

„Ветуваа модерни општини, бесплатен превоз, еко автобуси, капитални проекти, спортски сали, паркови, школи, улици, водоводи. Поминаа 2,5 години а ништо од тоа ДПМНЕ не направи. Градоначалниците од ДПМНЕ реализираа 0 проекти. Но затоа создадоа хаос, запуштени, нечисти градови, со јавни претпријатија заглавени во долгови, општини без никаков развој. Така е и овој пат со новите лажни ветувања. ВМРО ДПМНЕ очигледно нема што да им понуди на граѓаните. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад. Изборот на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО ДПМНЕ“, посочи Костовски.

25.03.2024 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега