Ковачев за забраната за влез: Скопје должи јасно објаснување

 

Овој чекор со „црните списоци“ е огромна грешка во Северна Македонија, рече европратеникот Андреј Ковачев, кому на 6 мај не му бил дозволен влез во Македонија.

Како што рече, за него потегот бил огромно разочарување.

„Скопје должи јасно објаснување зошто го направија тоа“, коментира Ковачев.

„Прво треба да ги слушнам нивните објаснувања, тие треба да бидат официјални. Во Европскиот парламент се сменија односите, секој пратеник мисли дека треба слободно да патува“, вели европратеникот, пренесуваат бугарските медиуми.

Тој кажа дека имал разговор со министерот Буар Османи пред само неколку дена, и немало навестување за ваква одлука.

„Немаше ни трошка сомнеж или исчекување за тоа што ќе дојде“, коментира тој.

Ковачев смета дека забраната сигурно ќе се одрази на преговорите за членство на Македонија со Европската Унија.

МВР викендов потврди дека на 6 мај околу 11 часот на граничниот премин Ново Село поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно законот за странци, не е дозволен влез на петмина државјани на Република Бугарија.

„Македонската полиција нема да дозволи ниту сега ниту во иднина, никој да го нарушува јавниот ред и мир и да ги навредува и омаловажува граѓаните и државата и нема да биде дозволен влез на такви лица на територија на државата“, соопшти МВР.

09.05.2023 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега