Ковачевски: Да сакаме и да простуваме - Христос се роди

 
Премиерот Димитар Ковачевски го честиташе големиот христијански Божиќ на сите граѓани преку социјалната мрежа Фејсбук.
На сите православни верници им го честитам големиот христијански празник, Божиќ.
 
„Во духот на денешниот празник да се потсетиме на неговата симболика - да сакаме, да почитуваме, да простуваме, да помагаме и да подаваме рака на оние на кои им е потребна помош.Само со добрина во нашите срца и желбата за сплотеност ќе можеме да ги победиме разните искушенија пред кои сме исправени“, се вели во честитката на премиерот.
 
Во неа тој додава дека Божиќ е празник кој обединува, кој сплотува, кој значи безусловна љубов.
 
„Како што празникот сите нè обединува во семејниот дом, така нека нè обедини и во сите други сфери на живеењето. Да се радуваме на денешниот ден, да ја славиме веста за Христовото раѓање, со љубов и топлина во нашите срца. Со добра мисла и добри дела можеме да одиме напред и да создаваме подобро утре за сите нас.
Христос се роди! Честит Божиќ“, се додава во божиќната честитка на Ковачевски. 

07.01.2023 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега