Ковачевски: ФРОНТЕКС ги штити нашите граници, безбедност и македонски јазик

 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на свеченото одбележување на почетокот на „Заедничката операција на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија“, како дел од договорот за оперативни активности спроведени од страна на Aгенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС.

Деновиве го одбележуваме шестмесечниот период од потпишување на Договорот со Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС, кој Собранието на Република Северна Македонија го ратификуваше на 13 февруари годинава.
 
Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на пратениците кои што гласаа за ратификување на овој договор, а кои што претходно ја усвоија преку заклучоци и преговарачката рамка со ЕУ, која што составен дел го има договорот ФРОНТЕКС, кој што има исклучително значење во повеќе аспекти за нашата држава“, изјави Ковачевски во своето денешно обраќање.
 
„Горди сме како нација што овој Договор е прв потпишан договор со Европската унија, на македонски јазик, без додавки, фусноти и ѕвездички, што е доказ за заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, коишто, со овој документ, се поставени на европско рамниште, заедно со сите други јазици и идентитети на земјите членки на ЕУ“, додаде премиерот.

 

20.04.2023 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега