Ковачевски: Одиме на внатрепартиски избори за претседател и раководство на партијата


Повикувам на нови нвнатрепартиски избори на сите партиски тела почнувајќи од претседателот на партијата, раководството, па се до претседателите на ОО и сите органи на партијата, рече вечерва претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека денешниот резултат е разочарувачки и дека детално ќе биде анализирано за да се најде изворот и причините за овој исход.

„Органите на партијата ќе одлучат прецизно за времето и начинот на спроведување на овие постапки. Тој процес не смее да биде долг, ниту брз или експресен. Тој процес на длабока внатрешна промена и консолидација можат да го изведат само оние кои се спремни да се жртвуваат за иднината на партијата и демократијата во државата, оние кои немаат багаж од било каков вид, особено не карактеристики поради кои граѓаните го испратија СДСМ во опозиција“ порача Ковачевски.

08.05.2024 - 23:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега