Ковачевски утре во Атина ќе се сретне со Фон дер Лајен, ќе ја информира за текот на уставните измени

 

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва најави дека утре во Атина на неформалната средба што ја организира грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за лидерите од Западен Балкан, ќе има формален состанок со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.

- Претседателката на ЕК од прва рака ќе може да се информира од мене за текот на уставните измени, иако таа веќе ги има сите информации, и пред одржувањето на седницата во однос на поднесувањето, дека процесот започна, дека започна со 73 гласа за изгласување на дневниот ред во однос на уставните амандмани, и оти стана многу јасно дека СДСМ и Коалицијата, европската коалицја, се за продолжување на европската интеграција на Северна Македонија, меѓутоа дека опозицијата повторно, како што било и во минатото, е за блокада на патот на Северна Македонија во европските интеграци, исто како ш-то беше и против залченувањето на Северна Македонија и во НАТО, рече Ковачевски во гостувањето во Тема на денот на ТВ Сител.

20.08.2023 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега