Ковачевски во четврток ќе ja поднесе оставката
Премиерот Димитар Ковачевски потврди дека во четврток ќе ја поднесе оставката, пред собраниската седница закажана за в петок, по што претстои формирањето на техничката влада во времетраење од три месеца.
Оставка во четврток се очекува да поднесе и собранискиот спикер, Талат Џафери, кој ќе седне на местото на Ковачевски.
На седница ќе треба да се избере координаторот на СДСМ Јован Митрески за нов претседател на Собранието, а потоа Џафери ќе го добие мандатот за премиер на државата.
Изборот на владата на Џафери треба да биде направен викендот, најдоцна до полноќ 28 јануари.
23.01.2024 - 11:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа