Крадел во верски објект - Македонската полиција го фати
Во Гостивар вчера во 14.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.П.(25) од Република Албанија, соопштија денеска од МВР.
Тој е осомничен дека претходно во верски објект во Гостивар одзел мобилен телефон и пари од Б.Т.(29), од гостиварското село Долна Бањица. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Г.П. бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
03.03.2025 - 10:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа