„Крај на непотребната документација, редиците и гужвите“: Муцунски претстави нова дигитална платформа за граѓаните

 

Од денеска сме чекор поблиску до жителите на нашата општина. Го реализираме нашето предизборно ветување за модернизација на општинските услуги и отсега граѓаните со еден клик ќе можат да придонесат кон создавање вистинска современа и европска смарт-општина. Ставаме крај на непотребната документација, редиците и гужвите, истакна градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

Тој нагласи дека со апликацијата аеродромци ќе можат по дигитален пат да аплицираат за субвенции, да даваат предлози за животната средина, инфраструктурата во општината, градинките, основните училишта и другите области, како и да ги пријавуваат проблеми со кои се соочуваат.

– Најважното од сè е тоа што Општина Аеродром оваа апликација ја доби на користење без ниту еден дополнителен трошок! Оваа апликација е развиена од Центарот за социјални иновации „БЛИНК 42 – 21“, кој ги следи глобалните трендови и динамиката на современото живеење и ја препознава потребата од дигитализирање на сите услуги што сè повеќе ни се потребни во секојдневието. Преку ваквите проекти ја модернизираме Општина Аеродром и ја правиме подостапна за нашите жители, нешто коешто беше незамисливо во минатото, потенцираше Муцунски.

 

03.03.2022 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега