Крај на стравот: Куманово ја одјави епидемијата на голема кашлица
Центарот за јавно здравје Куманово ја одјави епидемијата на голема кашлица или пертусис, која беше прогласена лани во февруари, информираа денеска од ЦЈЗ Куманово. На подрачјето на Центарот имаше 107 случаи, лабораториски потврдени, претежно деца.
-На 14 јануари ние ја одјавиме епидемијата на голема кашлица која во Куманово беше прогласена во март, лани. Првиот случај на ниво на Центарот беше на 6 февруари, а последниот случај беше на 19 ноември 2024 година, така што веќе оваа година епидемијата беше одјавена со вкупно 107 случаи на кашлица, од кои претежно беа деца на возраст до 14 години. Сите беа лабораториски потврдени случаи, од нив 19 беа хоспитализирани, останатите беа на домашно лекување,изјави д-р Јадранка Стаменковска од ЦЈЗ Куманово.
Превентивните тимови од Здравствениот дом Куманово дале 6.900 вакцини. Здравствените институции, изминатиов период ги пребаруваа нецелосно вакцинираните, правеа епидемиолошки анкети, истражувања, даваа препораки за вакцинација.
-Епидемијата фактички е завршена и ја одјавиме. Покрај за пертусис, парлелено тимовите извршија и пребарување на вакциналните картони и на децата кои не беа вакцинирани со МРП вакцина, така што и тука малку е зголемен опфатот на вакцинирани, но сè уште сме далеку од она што го очекуваме над 95 проценти да бидат вакцинирани за да имаме задоволителен колективен имунитет, изјави Стаменковска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа